Хроника
Дознај прв
ПОЛИЦАЕЦ АЛБАНЕЦ ОД КРИМИНАЛИСТИЧКА ПОЛИЦИЈА „ГЛАВЕН ТЕПАЧ“ НА МОМЧИЊАТА: Албанци полицајци ги привеле младите Албанци кои истепани излегоа пред камера

Полициски службеник Албанец од криминалистичката полиција е посочен како „главен тепач“ на двајцата млади Албанци кои тврдат дека биле физички малтретирани при полициска интервенција, објави „Скопје1“, повикувајќи се на првичните проверки во МВР.
Според информациите на „Подземје.мк“ младите наводно биле поврзани со продажба на дрога, а при интервенцијата бил одземен и пиштол од полицијата. Полициските службеници кои ги привеле момчињата, исто така, се Албанци, според истите информации. Двајцата млади, кои тврдат дека биле претепани, излегоа пред камера и ги покажаа повредите, а случајот предизвика реакции од партии од албанскиот политички блок.
Се поставува прашањето дали етничката припадност се користи за политички манипулации наместо вниманието да биде насочено кон фактите и одговорноста на инволвираните. Криминалот нема националност, а законот мора да важи подеднакво за сите, без разлика на етничката припадност. МВР треба да ги утврди сите околности на случајот, вклучително и наводите за полициско насилство, поврзаноста на младите со продажба на дрога и околностите под кои бил одземен пиштолот.
