Свет

(ВИДЕО) ЕРМЕНИЈА ГРАДИ ЏИНОВСКА СТАТУА НА ИСУС ХРИСТОС: Со 101 метар ќе биде највисока во светот

(ВИДЕО) ЕРМЕНИЈА ГРАДИ ЏИНОВСКА СТАТУА НА ИСУС ХРИСТОС: Со 101 метар ќе биде највисока во светот

Ерменија гради џиновска статуа на Исус Христос, која според плановите треба да биде највисока од ваков вид во светот. Проектот предвидува вкупна висина од 101 метар, заедно со постаментот.

Статуата се гради на планината Хатис, а проектот е поврзан со долгата христијанска традиција на земјата. Самата статуа е изработена, но нејзините делови сè уште се наоѓаат во селото Зовуни, додека продолжуваат работите на постаментот. Како можен рок за завршување на проектот се споменува 2027 година.

Погледнете го видеото:

Ерменија се смета за првата држава во светот што го прогласила христијанството за државна религија, во 301 година, за време на владеењето на кралот Тиридат III. Со овој проект, земјата планира да создаде впечатлив симбол на своето христијанско наследство.