Дознај прв
(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) ПОЗНАТ ИДЕНТИТЕТОТ НА МАЖОТ КОЈ ЗАГИНА ПО НАПАД ОД ТИГАР
Познат е идентитетот на мажот кој загина по напад од тигар во „Јоркшир вајлдлајф парк“ во Англија. Полицијата ги истражува околностите.

Британските медиуми го објавија идентитетот на мажот кој го загуби животот по напад од тигар во паркот за диви животни „Јоркшир вајлдлајф парк“, во близина на Донкастер, Англија. Станува збор за Вилијам Чепмен, кој починал откако влегол во оградениот простор во кој се наоѓале тигрите. Според медиумските извештаи, полицијата потврдила дека тој бил сам во паркот, а околностите на трагичниот настан сè уште се истражуваат.
Влегол во просторот со тигар
Инцидентот се случил на 10 октомври, кога службите за итна помош биле повикани во паркот по пријава дека маж влегол во живеалиштето на тигрите. Според сведочењата што ги пренесуваат британските медиуми, Чепмен ја преминал заштитната ограда и се приближил до животното, кое го нападнало. И покрај интервенцијата на итните служби, тој починал на местото на настанот.
Паркот е затворен, тигарот нема да биде усмртен
По трагедијата, посетителите биле евакуирани, а паркот бил затворен додека трае истрагата. Од паркот изразиле сочувство до семејството на починатиот, а било потврдено и дека тигарот, наречен Алтај, нема да биде усмртен. Надлежните продолжуваат да ги утврдуваат околностите под кои мажот успеал да влезе во оградениот простор
