Македонија

Споени ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ би изгубиле од споени ДУИ и ВЛЕН? Почнаа математиките пред вториот круг во Брвеница

Споени ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ би изгубиле од споени ДУИ и ВЛЕН? Почнаа математиките пред вториот круг во Брвеница

Почнаа математиките пред вториот круг во Брвеница

Во Брвеница веќе се прават пресметки пред вториот круг, а резултатите од првиот круг покажуваат колку тесна може да биде трката. Ако се соберат гласовите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, тие би имале 3.649 гласа, наспроти 3.680 гласа на ДУИ и ВЛЕН – предност од само 31 глас за албанскиот блок. Сепак, политичката слика е посложена: ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН се коалициски партнери на централно ниво, додека СДСМ и ДУИ се опозиција. Во исто време, Радичевски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а Јахји на НАИ, па останува прашањето дали гласачите ќе се водат од партиската припадност, коалициските односи или етничката линија.

Ќе пресуди етничката или партиската линија во Брвеница?

Во Брвеница се очекува неизвесен втор круг, во кој и мал број гласови може да го решат исходот. Преписките и политичките договори пред гласањето допрва ќе покажат дали овие математички комбинации ќе се претворат во реална предност. Ќе пресуди етничката или партиската линија во Брвеница?

Прочитајте повеќе пред да ги правите математиките за Брвеница од веста во продолжение:

ВМРО-ДПМНЕ И ДУИ ВО ВТОРИОТ КРУГ ВО БРВЕНИЦА: Ова се бројките од изборите

ОЗНАКИ: Брвеница