Македонија
Дознај прв
ПУКАЊЕ ПРЕД МАРКЕТ ВО САРАЈ: Утрото во 9:30 часот било пукано кон автомобил, ранет е маж

Пукање пред маркет во Сарај
Маж е повреден во раката откако било пукано кон неговиот автомобил во близина на маркет во скопското село Сарај. Инцидентот се случил вчера, 18 октомври, околу 9:30 часот, а случајот бил пријавен во СВР Скопје во 9:50 часот. Според пријавата, М.И. се наоѓал во патничко возило „туран“ кога едно лице пукало со огнено оружје кон него.
Ранет е маж
Од оштетениот прозорец на автомобилот, мажот се здобил со повреда на раката. На местото на настанот полициските службеници пронашле четири чаури од пиштолска муниција. Била известена и Итната медицинска помош. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето што пукало и за целосно расчистување на случајот.
Инаку, пред неколку месеци имаше пукање и во Дуќанџик.
(ВИДЕО) КРВАВА НОЌ ВО ДУЌАНЏИК: Двајца на мотор пукале кон група, убиен 26-годишен скопјанец
Извор: Плусинфо
