Македонија

АДВОКАТОТ ДРАГАН „СТАРИ“ ПЕШЕВСКИ ВО ОДБРАНА НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ: Успешни се, оттргнаа бајаги деца од дрога, а сега на случајот му ставаат етнички пристап

АДВОКАТОТ ДРАГАН „СТАРИ“ ПЕШЕВСКИ ВО ОДБРАНА НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ: Успешни се, оттргнаа бајаги деца од дрога, а сега на случајот му ставаат етнички пристап

Адвокатот Драган „Стари“ Пешевски реагираше на случајот со двајцата млади од Сарај, оценувајќи дека на инцидентот му се дава етнички пристап. Тој застана во одбрана на полициските службеници, за кои рече дека се успешна, компактна и чесна екипа, додавајќи дека отстраниле значително количество дрога од улиците.

Реакцијата доаѓа откако двајцата млади, на возраст од 21 и 23 години, се појавија пред камера со видливи повреди и тврдења дека биле претепани од полицајци. ДУИ обвини за полициско насилство и побара одговорност, а МВР отвори внатрешна истрага за да се утврдат околностите. Од друга страна, порталот „Подземје.мк“ објави поинаква верзија, според која младите наводно продавале дрога, му го одзеле пиштолот на полициски службеник и избегале со автомобил, кој подоцна се превртел на автопатот.