Македонија

Тричковски бара СДСМ да гласа за ДУИ во Брвеница

Тричковски бара СДСМ да гласа за ДУИ во Брвеница

Бранко Тричковски, кој е еден од идеолозите на СДСМ, повика партијата да го поддржи кандидатот на ДУИ, Аркин Јахији, во вториот круг од изборите за градоначалник на Брвеница. Тричковски на социјалните мрежи напиша дека СДСМ треба да гласа за Јахији, кој ќе се соочи со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски.

Во објавата тој ја образложи поддршката како начин за пораз на ВМРО-ДПМНЕ, а изнесе и остри политички квалификации за партијата. Тричковски оцени дека ДУИ е „сто пати помакедонска партија“ од ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека Јахији е добар човек способен да ја развива Брвеница. Во првиот круг, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ освои 38,9 проценти од гласовите, додека Јахији доби 28,4 проценти, со што двајцата се пласираа во вториот круг. Повикот на Тричковски доаѓа по слабиот резултат на кандидатот на СДСМ, Јовица Радески, кој освои 706 гласа.

Прочитајте повеќе: