Регион

(АНКЕТА) СТУДЕНТИТЕ СО ТЕСНО ВОДСТВО ПРЕД ВУЧИЌ: Поддршката им расте, а тој пак очекува победа со 500.000 гласови разлика

(АНКЕТА) СТУДЕНТИТЕ СО ТЕСНО ВОДСТВО ПРЕД ВУЧИЌ: Поддршката им расте, а тој пак очекува победа со 500.000 гласови разлика

Студентската листа во Србија има 44,5 проценти поддршка, додека листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ има 42,7 проценти, покажува најновото истражување на Новата српска политичка мисла (НСПМ), пренесено од Europe Elects. Во јулската анкета студентите имале 39,6 проценти, а листата на Српската напредна партија 37,5 проценти, што значи дека поддршката за двете листи пораснала, но студентите ја задржале предноста. Најновото истражување е спроведено од 25 септември до 5 октомври, на примерок од 1.050 испитаници.

Во меѓувреме, Александар Вучиќ изјави дека очекува убедлива победа на парламентарните избори и дека сака разликата да биде од 400.000 до 500.000 гласови. Тој го соопшти ова за време на предизборен настап во Сремски Карловци, повикувајќи ги своите поддржувачи да се посветат на кампањата. Анкетата, сепак, покажува тесна разлика меѓу двете водечки листи, а не убедлива предност на СНС. Парламентарните избори во Србија се закажани за 25 октомври.