Регион

(ВИДЕО) СПЛИТ ПОД ВОДА: Обилните врнежи го парализираа сообраќајот

Силно невреме го погоди Сплит и средна Далмација. Улици се поплавени, шахти се исфрлени од поројните води, а прекинати се и траектни линии.

(ВИДЕО) СПЛИТ ПОД ВОДА: Обилните врнежи го парализираа сообраќајот

Обилните врнежи предизвикаа проблеми во сообраќајот

Силно невреме вечерва го погоди Сплит и поширокото подрачје на средна Далмација, каде обилните врнежи поплавија бројни улици. Поројните води на повеќе места ги исфрлиле капаците од канализациските шахти, а сообраќајот се одвива отежнато, особено во Сплит и Солин. На делови од улицата „Домовинског рата“ водата на коловозот достигнала повеќе од 30 сантиметри. Невремето ги зафатило и Трогир, Каштела, Подстрана и делови од далматинската Загора. Според метеоролошките податоци, до 18:30 часот во Коси наврнале 95 литри дожд на квадратен метар, во Ниско 76, а на островот Шолта 63 литри.

Прекинати траектни и катамарански линии

Невремето предизвикало проблеми и во поморскиот сообраќај, поради што биле прекинати повеќе траектни и катамарански линии. Надлежните предупредуваат на лизгави и поплавени коловози, како и на опасност од отворени шахти кои може да бидат скриени под водата. За невремето извести хрватскиот портал „Индекс“.