Македонија
Дознај прв
АРМИЈАТА ОДБЕЛЕЖУВА 34 ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО: Во Скопје и Штип свечено одбележување
Армијата денеска одбележува 34 години од формирањето со активности во Скопје и Штип, меѓу кои и почесна артилериска стрелба.

34 години од формирањето
Со повеќе активности во Скопје и Штип денеска се одбележуваат 34 години од формирањето на Армијата. По повод Денот на Армијата – 18 Август, во касарната „Илинден“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе се одржи почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од шест артилериски орудија. Претходно, во 18 часот, ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба. Одбележувањето ќе продолжи и во касарната „Јане Сандански“ во Штип, каде ќе биде одржана смотра на 2. пешадиски баталјон и други армиски единици.
Армијата дел од НАТО
На свеченостите ќе присуствуваат претставници од повисоката команда на Армијата, градоначалници, директори и раководители на јавни претпријатија и установи, како и претставници на верските заедници. За Ден на Армијата е избран 18 август, во чест на баталјонот „Мирче Ацев“, формиран во 1943 година на Славеј Планина. Процесот на формирање на современата македонска Армија започна во 1992 година со договорот за дислокација на ЈНА од територијата на Македонија. Денес Армијата е составен дел од НАТО, откако земјата во март 2020 година стана 30-та полноправна членка на Алијансата.
