Свет
Дознај прв
ЕУ ПОДГОТВУВА НОВ УДАР ПРОТИВ РУСИЈА: Калас најави најдалекусежни санкции досега
ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија за есен. Каја Калас најави најдалекусежни мерки досега и нови санкционирани лица и субјекти.

Нов пакет санкции на есен
Европската Унија подготвува значително проширување на санкциите против Русија во наредните месеци, најави високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Каја Калас. Таа за германскиот весник „Ди Велт“ изјавила дека наесен предлага најдалекусежен пакет санкции досега. Според Калас, санкциите досега ја чинеле Русија повеќе од еден трилион евра, преку ограничувањето на ресурсите за нејзината воена машинерија. Во новиот пакет се очекува додавање на нови поединци и субјекти на листата на санкционирани.
„Притисокот мора да расте“
Калас порача дека притисокот врз Москва мора да продолжи сè додека Русија не ја заврши војната во Украина. Таа најави дека, доколку новите мерки бидат усвоени, бројот на санкционирани руски субјекти би се зголемил за една третина. Засега нема дополнителни детали за точниот датум на воведување или за содржината на новиот пакет. Во јули ЕУ го усвои последниот пакет санкции, со кој беа опфатени банкарскиот сектор и мрежите поврзани со криптовалутите.
