Спорт

БАЕРН ДЕМОНСТРИРА МОЌ: Кејн урна рекорд стар 49 години

Хари Кејн стана најбрзиот фудбалер до 100 голови во историјата на Бундеслигата, откако постигна 101 гол за Баерн.

БАЕРН ДЕМОНСТРИРА МОЌ: Кејн урна рекорд стар 49 години

До 100 гола стигна за само 98 натпревари

Баерн Минхен го совлада Унион Берлин со убедливи 7:0, но натпреварот ќе остане запаметен и по историскиот подвиг на Хари Кејн. Англискиот напаѓач стана најбрзиот фудбалер во историјата на Бундеслигата кој стигнал до 100 голови. Јубилејниот гол го постигна од пенал во 39. минута, во својот 98. првенствен настап. Со тоа го урна рекордот на Дитер Милер од 1977 година, кој до 100 гола стигнал по 129 натпревари. Кејн во второто полувреме постигна уште еден гол со глава, за својот 101. погодок во Бундеслигата.

Хари Кејн продолжува да испишува историја

Кејн по натпреварот изјави дека е исклучително горд што стигнал до 100 голови во Бундеслигата и им се заблагодари на соиграчите, тренерот и стручниот штаб. Англичанецот досега има постигнато 156 голови на 156 натпревари во сите натпреварувања за Баерн Минхен.

ОЗНАКИ: Хари Кејн