Македонија

ЧЕСТИТ ДЕН НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: Тошковски повика прославата да помине мирно и без блокирање на сообраќајот

Плоштадот „Скендербег“ во Скопје е украсен со албански знамиња за 28 Ноември. Тошковски повика прославата да помине мирно и без нарушување на сообраќајот.

ЧЕСТИТ ДЕН НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ: Тошковски повика прославата да помине мирно и без блокирање на сообраќајот

По повод 28 Ноември – Денот на албанското знаме, плоштадот „Скендербег“ во Скопје е украсен со албански знамиња, кои се поставени и долж надвозникот во централното градско подрачје. Во пресрет на празникот, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски порача дека МВР ќе биде максимално фокусирано на одржување на јавниот ред и мир, заштита на граѓаните и безбедноста во сообраќајот. Тој им го честиташе празникот на граѓаните од албанската заедница, но истовремено повика прославата да помине без инциденти и нарушување на сообраќајот.

Тошковски: Нема да дозволиме нарушување на сообраќајот

„Нема да дозволиме нарушување на сообраќајот и нарушување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот. Би ги замолил сите оние што ќе сакаат да си го прослават денот, да го направат тоа во согласност со сите пропишани протоколи, во рамките на една нормална, семејна, убава атмосфера со своите најблиски, па и со оние што сметаат дека треба да го прослават“, истакна Тошковски.

МВР најавува засилено внимание за безбедноста

Министерот посочи дека полицијата ќе се фокусира на зачувување на јавниот ред и мир и безбедноста на сите учесници во сообраќајот за време на празничните активности.

 

Жан Митрев