Хроника
Дознај прв
ДЕСЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА СО ЛИСИЦИ: Полицијата санкционираше безобѕирно возење
Полицијата лиши од слобода 10 возачи за безобѕирно управување возило, од кои девет возеле без положен возачки испит.

Деветмина возеле без положен возачки испит
Во текот на изминатото деноноќие, полицијата лишила од слобода 10 возачи поради кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Девет од нив управувале возило без положен возачки испит, а станува збор за Б.Б. (26), А.Д.Ј.К. (19), Х.И. (20), Б.Д. (21), Х.С. (49), Ј.А. (49), У.М. (35), И.Т. (48) и Д.А. (29). Возачите се од Скопје, Тетово, Виница, Кочани и Македонска Каменица.
Еден возел и покрај забраната
Од слобода е лишен и С.М. (47) од Кочани, кој бил затекнат како управува возило и покрај активна забрана за управување. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Полицијата повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и да не управуваат возило без положен возачки испит или за време на изречена забрана.
