Скопје

ДЕСЕТТА ФАЗА НА ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ: Во Македонија потврдени осум случаи на западнонилска треска

Град Скопје ја спроведе десеттата фаза на дезинсекција против комарци, во период кога во Македонија се потврдени осум случаи на западнонилска треска.

ДЕСЕТТА ФАЗА НА ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО СКОПЈЕ: Во Македонија потврдени осум случаи на западнонилска треска

Град Скопје ја спроведе десеттата фаза од дезинсекцијата против комарци на подрачјето на главниот град. Третирањето опфатило авионска и теристичка дезинсекција, а се одвивало во текот на ноќните и раните утрински часови, согласно годишниот план за превенција. Акцијата се спроведува во период кога во Македонија се потврдени осум случаи на западнонилска треска, додека вирусот се шири и во повеќе земји во Европа и регионот.

Апел до пчеларите и граѓаните

Од надлежните служби упатија апел до пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите за време на прскањето. Редовната дезинсекција има цел да ја намали популацијата на комарци во урбаните средини во периодот кога тие се најактивни. Здравствените власти истовремено препорачуваат користење средства против комарци, носење облека што покрива поголем дел од телото и поставување заштитни мрежи на прозорците.

Комарците се главни преносители на вирусот

Западнонилскиот вирус најчесто се пренесува преку каснување од заразени комарци, кои претходно се хранеле со крв од птици што го носат вирусот. Кај најголемиот дел од заразените лица инфекцијата поминува без симптоми или со полесна клиничка слика, но кај помал број пациенти може да предизвика посериозни здравствени компликации. Во соседна Грција досега биле регистрирани четири смртни случаи, а сите починати биле повозрасни лица со претходни здравствени проблеми.

ОЗНАКИ: комарци