Македонија
Дознај прв
ДРАМА КАЈ БЛАЦЕ: Полицаец нападнат и влечен со возило при акција против шверцери
Полицаец бил нападнат и влечен со возило кај ГП Блаце при обид да сопре товарно возило со криумчарена стока. Случајот се расчистува.

Возачот не застанал на полицискиот знак
На 12 септември околу 17:15 часот, во правец од Граничниот премин „Блаце“ кон Скопје, полициски службеници забележале товарно возило „Фолксваген транспортер“ со странски регистарски ознаки, натоварено со разновидна криумчарена стока. Полицајците се обиделе да го сопрат возилото, но возачот продолжил да се движи. По кратко време возилото било запрено, но при обидот за приведување на возачот дошло до сериозен инцидент.
Полицаецот бил влечен додека возилото се движело
Од друго возило излегло лице кое физички нападнало еден од полициските службеници. Потоа, едно од лицата го фатило полицаецот за раката и го влечело со возилото додека другото лице управувало со него. Полицаецот бил пуштен по извесно време, а при падот се здобил со повреди. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорноста на инволвираните лица.
