Регион
Дознај прв
ОТКРИЕН ИДЕНТИТЕТОТ: Ова се трите лица пронајдени мртви во возило кај Блаце

Ова се трите лица пронајдени мртви во возило кај Блаце
Откриен е идентитетот на трите лица кои беа пронајдени мртви во превртено возило на патот од Граничниот премин Блаце кон Скопје. Станува збор за Ејуп Тернава, Џенет Тернава и Фатмире Шабани, кои претходно биле пријавени за исчезнати од нивните семејства. Несреќата била пријавена на 19 јули во 22:35 часот, по што полициски службеници веднаш биле испратени на местото. Во возилото „мерцедес“ со германски регистарски ознаки биле пронајдени едно машко и две женски лица. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт кај сите три лица.
Пронајдено превртено возило “мерцедес” на патот ГП Блаце-Скопје, три лица починати
Исчезнувањето било пријавено претходно истиот ден од државјанин на Косово, кој последен пат контактирал со нив на 18 јули околу 22:15 часот, додека биле на скопскиот аеродром. Надлежните преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
