Свет
Дознај прв
ШПАНИЈА ПО ВТОРПАТ НА СВЕТСКИОТ ТРОН: Феран Торес ја реши Аргентина во продолженијата

Шпанија по вторпат во историјата стана светски фудбалски шампион, откако во финалето ја совлада Аргентина со 1:0 по продолженија. Победничкиот гол го постигна Феран Торес во 106. минута, по асистенција на Нико Вилијамс. По регуларните 90 минути резултатот беше 0:0, иако Шпанија имаше поголема иницијатива и создаде повеќе шанси. Аргентина одигра премногу дефанзивно и во регуларниот дел не упати ниту еден удар кон голот на противникот.
Во судиското продолжение Енцо Фернандес доби втор жолт картон, по што Аргентинците останаа со играч помалку. На Нико Вилијамс му беше поништен гол во 96. минута поради прекршок, но десет минути подоцна Торес го постигна решавачкиот погодок. Со овој триумф Шпанија повторно ги обедини европската и светската титула, како во периодот 2008–2010.
View this post on Instagram
