Скопје

ДВОЈНО ПОЕВТИНИ ОД ПРЕТХОДНО: Набавени 3.300 нови контејнери за почисто и поуредно Скопје

ДВОЈНО ПОЕВТИНИ ОД ПРЕТХОДНО: Набавени 3.300 нови контејнери за почисто и поуредно Скопје

Потпишан е договорот за набавка на 3.300 нови контејнери, со што започнува една од најголемите набавки од ваков тип во изминатите години, насочена кон унапредување на системот за собирање и управување со отпад во Скопје.

Набавката има за цел да придонесе кон почисти населби, намалување на отпадот околу контејнерите, поефикасно и навремено празнење, како и подобрување на условите за работа на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

За споредба, во изминатите 12 години биле набавени околу 1.300 контејнери, бројка која не ги задоволува потребите на главниот град. Недостатокот на соодветна опрема резултираше со преполни и оштетени контејнери, наталожен отпад околу нив и нарушување на комуналната слика во повеќе населби.

Ѓорѓиевски пред неколку дена соопшти дека цената на набавка на овие контејнери е двојно поевтина од прехтодно.