Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) „ДАЛИ ТИ ИЗГЛЕДАМ КАКО ИДИОТ?“: Газдата на „Авалон“ со остра реакција кон новинарка која праша колку чини концертот на Дејвид Гета

Сопственикот на „Авалон продукција“, Бобан Милошески, денеска на прес-конференција реагираше остро на прашањето на новинарка колку ќе чини настапот на Дејвид Гета.
Новинарката праша зошто досега не е објавена сумата на договорот и дали постои клаузула која го спречува тоа. „Дали ти изгледам јас како идиот?“, ѝ одговори Милошески, додавајќи дека прашањето не е во контекст на прес-конференцијата. Тој посочи дека прес-конференцијата е посветена на безбедноста и организацијата на концертот. Милошески рече дека за финансиската конструкција треба да одговорат од Владата, бидејќи тој е организатор на концертот.
Тој прашањето го оцени како провокација и посочи дека повеќепати било кажано кога ќе биде објавена сумата за целокупната манифестација. Досега од Владата не е соопштено колку чини организацијата на целата прослава за 35-годишнината од независноста.
View this post on Instagram
