Македонија

ПОЖАРОТ НА ГРАНИЦАТА СО КОСОВО Е ИЗГАСНАТ: Нема опасност од чад и загадување за скопјани

ПОЖАРОТ НА ГРАНИЦАТА СО КОСОВО Е ИЗГАСНАТ: Нема опасност од чад и загадување за скопјани

Пожарот на македонско-косовската граница, кој беше активен неколку дена, е целосно изгаснат и нема опасност од нов чад за скопјани. Ова го информираше директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој посочи дека во моментов нема горење ниту од македонска, ниту од косовска страна.

Во неделата избувнале повеќе од 40 пожари на отворено, од кои повеќе од 30 се изгаснати, додека четири остануваат активни. Најголем предизвик за пожарникарите останува пожарот кај Рамно, на Скопска Црна Гора, каде во гаснењето е вклучен и полициски хеликоптер. На терен се скопските пожарникари, тимови на ДЗС и Национални шуми, а Армијата испрати 30 припадници за заштита на објектот на врвот Рамно.

Изгаснат е и пожарот кај Ругинце во Општина Старо Нагоричане, додека пожарот кај Милетино е ставен под целосна контрола.

Извор: Плусинфо