Дознај прв
Едноставен трик за поховани тиквички кои се меки однатре, а крцкави однадвор
Направете поховани тиквички со златна коричка и пармезан. Едноставен рецепт со неколку состојки, идеален за ручек, вечера или прилог.

Благодарение на благиот вкус и меката внатрешност, похованите тиквички со златна коричка се одличен избор за ручек, вечера и лесен оброк помеѓу главните јадења. Може да се послужат самостојно, со омилениот сос или како прилог со месо и други специјалитети.
Освен што едноставно се приготвуваат, тиквичките се зеленчук кое лесно се вклопува во различни комбинации. Содржат малку калории, а се добар извор на витамини и минерали, вклучувајќи го витаминот C, калиумот и растителните влакна. За побогат вкус, може да ги збогатите со рендан пармезан или омилените зачини. Со неколку основни состојки и малку време, ќе добиете вкусно јадење кое ќе им се допадне дури и на оние кои не се големи љубители на зеленчук.
Потребни состојки
2-3 рендани тиквички
2 јајца
шолја брашно
шолја лебни трошки
пола шолја рендан пармезан
сол и бибер по вкус
масло за пржење
свеж магдонос за декорација
Подготовка на крцкавите тиквички
Тиквичките добро измијте ги и исушете ги со кујнска хартија. Исечкајте ги на кругови со дебелина околу половина центиметар. Потрудете се парчињата да бидат со приближно иста дебелина за рамномерно да ги испржите. Во чинија истурете брашно, во друга изматете јајца со малку сол и бибер, а во трета ставете лебни трошки. Ако сакате тиквичките да имаат уште побогат вкус и изразена коричка, во лебните трошки додајте рендан пармезан и добро измешајте.
Секое крукче најпрво извалкајте го во брашно, а потоа натопете го во изматените јајца, на крај добро извалкајте го во лебните трошки со пармезанот. Гледајте смесата да ја прекрие целата површина на тиквичката за при пржењето да добие крцкава кора.
Во поголема тава загрејте доволно масло на средно јака температура. Потоа внимателно спуштајте ги крукчињата од тиквичката и пржете ги 2-3 минути од секоја страна, односно додека не добијат убава златно – кафена боја и не станат крцкави.
Готовите тиквички ставете ги во чинија со обложена кујнска хартија за да се исцеди вишокот масло. По желба посипете ги со свеж копар или магдонос, и послужете ги додека се топли.
Извор: index.hr
