Магазин

(ФОТО) ЌЕРКАТА НА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ ДОБИ ПОДАРОК ОД 7.000 ЕВРА: Бизнисменот ја изненадил Уна на полноќ

Уна Чолиќ го прослави роденденот во Виена, а според медиумите, нејзиниот партнер ја изненадил со часовник „Картие“ вреден околу 7.000 евра.

(ФОТО) ЌЕРКАТА НА ЗДРАВКО ЧОЛИЌ ДОБИ ПОДАРОК ОД 7.000 ЕВРА: Бизнисменот ја изненадил Уна на полноќ

Уна Чолиќ, постарата ќерка на познатиот пејач Здравко Чолиќ, го прослави роденденот во Виена, каде што отпатувала со својот партнер. Според медиумските пишувања, нејзиното момче, бизнисмен кој е постар од неа, ѝ приредил изненадување со луксузни подароци и романтична атмосфера. Во хотелската соба ја пречекал огромен букет црвени рози, а Уна споделила фотографии од роденденското патување на социјалните мрежи.

Луксузен подарок и роденденско изненадување на полноќ

Меѓу деталите што привлекоа внимание е часовникот „Картие“, чија вредност, според медиумските наводи, изнесува околу 7.000 евра. Двојката уживала во вечери во луксузни ресторани и во прошетки низ Виена, а роденденската прослава започнала точно на полноќ, кога партнерот ја изненадил Уна со мало колаче со свеќа.

ПОДАРОК

Се шпекулира и за свршувачка

Регионалните медиуми пишуваат дека Уна и нејзиниот партнер се во врска веќе неколку години и дека наводно размислуваат за следниот чекор – свршувачка. Според изјави од анонимни извори пренесени во медиумите, Здравко Чолиќ го прифатил партнерот на својата ќерка, но информациите за евентуална свршувачка засега не се официјално потврдени.

ПОДАРОК