Македонија
Дознај прв
(ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО) ОПАСНА „ЕГЗИБИЦИЈА“ ПО СКОПСКИТЕ БУЛЕВАРИ: Автомобил возел во спротивна насока кај „Мерцедес“

До редакцијата на „24 часа“ пристигна ексклузивно видео на кое се гледа автомобил кој во раните утрински часови вози во спротивна насока кај „Мерцедес“. Според информациите, возилото се движело од општина Гази Баба кон Аеродром, при што влегло во спротивната насока. На видеото се гледа и моментот кога автомобилот е запрен од полициски службеници кои биле на терен.
Според она што може да се забележи од снимката, веројатно станува збор за автомобил „Лексус“. Ваквото неодговорно однесување во сообраќајот можело да има сериозни последици и да заврши со трагедија. За среќа, според информациите со кои располагаме, во инцидентот нема повредени, ниту загинати лица. Случајот е во рацете на надлежните служби.
Погледнете ги видеото:
View this post on Instagram