Регион
Дознај прв
(ФОТО) БЕСНИ СТРАНЦИТЕ ПОРАДИ КАЗНИТЕ ОД „СЕЈФ СИТИ“: Србите револтирани, од вчера плаќаат на Табановце
Најмногу реакции засега има од српски возачи, кои на социјалните мрежи отворено го изразуваат своето незадоволство

Револт на социјалните мрежи
Од вчера започна наплатата на казните од системот „Сејф сити“ и за возилата со странски регистарски таблички. Казните за сообраќајни прекршоци, меѓу кои и за пребрзо возење, странските возачи ги плаќаат при излез од Македонија. Најмногу реакции засега има од српски возачи, кои на социјалните мрежи отворено го изразуваат своето незадоволство. Дел од нив коментираат дека не очекувале казните да почнат да се наплаќаат и на странските возачи. Револтот се шири низ коментарите, особено кај оние кои веќе добиле казна или очекуваат да бидат задолжени за прекршоци направени при возење низ Македонија. Системот „Сејф сити“ ги регистрира прекршоците преку камерите, а казната се наплаќа при излез од земјава. Новиот начин на контрола од вчера важи за сите странски државјани кои со своите возила со странски таблички прават сообраќајни прекршоци во Македонија.
View this post on Instagram
