Македонија

ГОСТИВАР СЕКОЈ ДЕН ДОБИВАШЕ 70 ТОНИ ВОДА: Владата потрошила 97.000 евра за снабдувањето

Владата издвојила околу 97.000 евра за снабдување со вода за пиење во Гостивар, каде секој ден биле доставувани околу 70 тони вода.

ГОСТИВАР СЕКОЈ ДЕН ДОБИВАШЕ 70 ТОНИ ВОДА: Владата потрошила 97.000 евра за снабдувањето

По два шлепери вода дневно за граѓаните од Гостивар

Владата интервенирала уште од првиот ден откако се појавил проблемот со водоснабдувањето во Гостивар, информира директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски. На граѓаните во континуитет им биле доставувани најмалку по два шлепери вода дневно, односно околу 70 тони вода за пиење. За целата постапка биле издвоени околу шест милиони денари, односно приближно 97.000 евра. Томовски посочи дека во одредени денови биле доставувани и поголеми количини, а дополнителна вода обезбедиле и компании преку донации. Според него, со доставените количини целосно биле покриени потребите на граѓаните.

Снабдувањето продолжило до стабилизирање на состојбата

Од Владата велат дека водата била обезбедувана во континуитет додека траел проблемот со водоснабдувањето во градот. Томовски посочи дека кон крајот на периодот дел од граѓаните веќе имале обезбедено поголеми количини вода во своите домови. Дополнителните донации од компании помогнале во зголемување на расположливите резерви за населението.