Македонија

НА 20 АВГУСТ ЌЕ СЕ ЗНАЕ СÈ ЗА ЕПИДЕМИЈАТА ВО ГОСТИВАР: Министерството ќе го објави целиот извештај

Министерството за здравство на 20 август ќе го објави целосниот епидемиолошки извештај за епидемијата во Гостивар и анализите на водата.

НА 20 АВГУСТ ЌЕ СЕ ЗНАЕ СÈ ЗА ЕПИДЕМИЈАТА ВО ГОСТИВАР: Министерството ќе го објави целиот извештај

Ќе се објават сите релевантни податоци

Министерството за здравство на 20 август ќе го објави целосниот епидемиолошки извештај за случувањата во Гостивар, најави министерот за здравство Сашо Клековски. Тој посочи дека во јавноста се шират неточни информации околу резултатите од анализите на водата и најави целосна транспарентност. Во извештајот ќе бидат опфатени релевантните податоци за епидемијата, како и активностите што ги презеле надлежните институции. Клековски информираше дека резултатите од испитувањето на водата се во надлежност на Јавното комунално претпријатие и Општина Гостивар.

Ќе се утврдува каде е проблемот

Според министерот, анализите на водата се спроведуваат секојдневно, а резултатите можат јавно да ги објават и Центарот за јавно здравје и Јавното комунално претпријатие. Ќе бидат објавени и резултатите од анализите направени во претходните години во рамки на националната програма. Клековски посочи дека треба да се утврди дали проблемот е во водоводниот систем или во реакцијата на институциите, бидејќи одговорноста е поделена меѓу повеќе субјекти. Тој истовремено ги отфрли тврдењата за наводна бактериолошка загаденост на водата во Скопје, оценувајќи дека станува збор за непотребно ширење паника.