Македонија

Новиот министер има градежно земјиште над милион евра

Агон Ферати, новиот министер за политички систем, во анкетниот лист пријавил две градежни парцели кај Тетово, од кои едната вреди над 26,5 милиони денари.

Новиот министер има градежно земјиште над милион евра

Агон Ферати пријавил имот вреден над милион евра

Агон Ферати, новиот министер за политички систем и односи меѓу заедниците, во анкетниот лист доставен до Државната комисија за спречување на корупцијата пријавил две градежни парцели во близина на Тетово. Едната парцела е со површина од 4.400 квадратни метри, проценета на 52.000 денари и стекната со договор за подарок. Втората парцела има површина од 2.200 квадратни метри, проценета на 26.532.000 денари, а е стекната со купопродажен договор, објави Фактор.

Пријавил и два стана

Ферати освен што има има градежно земјиште над милион евра, во анкетниот лист пријавил и два стана во Тетово. Едниот стан, купен минатата година, е пријавен со вредност од 35.000 евра, додека вториот, купен пред три години, е проценет на 110.000 евра. Во имотниот лист е наведен и „Фолксваген пасат“ од 2014 година.

Нов министер по владината реконструкција

Ферати е еден од новите членови на Владата по јулската реконструкција. Пред да стане министер, бил шеф на кабинетот на Мендух Тачи во ДПА и прв потпретседател на Движењето за реформи на ДПА. Подоцна бил надвор од јавната сцена, а повторно се активирал како кадар на ВРЕДИ.