Економија
Дознај прв
НОВ УДАР ПО ЏЕБОТ: ОД УТРЕ ПОСКАПУВААТ БЕНЗИНИТЕ И ДИЗЕЛОТ
Од 18 август поскапуваат горивата во Македонија. Бензините се зголемуваат за 4,5 денари, а дизелот за 6,5 денари за литар.

Бензинот поскапува за 4,5, дизелот за 6,5 денари
Новo поскапување на горивата ги очекува граѓаните од утре, 18 август, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за зголемување на малопродажните цени. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапуваат за 4,50 денари за литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛОТ се зголемува за 6,50 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 6 денари. Одлуката стапува на сила од 00:01 часот на 18 август 2026 година.
Цените се зголемени поради движењата на светскиот пазар
Од РКЕ информираат дека во однос на претходната пресметка референтните цени на светскиот пазар пораснале за 8,983 проценти кај бензините и за 10,979 проценти кај дизелот. Вкупното зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек изнесува 4,85 проценти. И покрај поскапувањето, продолжува примената на намалена акциза од 2 денари за литар кај бензините и 4 денари кај дизелот. РКЕ нагласува дека станува збор за максимални цени, што значи дека трговците можат да продаваат горива и по пониски цени.
