Регион
Дознај прв
ХОРОР ВО АТИНА: Мртво бебе пронајдено замрзнато во куфер, обдукцијата открила најмалку 10 убоди
Мртво бебе било пронајдено замрзнато во куфер во стан во Атина. Обдукцијата открила најмалку 10 убоди со нож.

Мртво бебе на возраст од околу осум до девет месеци било пронајдено во стан во центарот на Атина, скриено во куфер во замрзнат сад. Обдукцијата покажала дека бебето било убиено со најмалку десет убоди со нож во пределот на грбот. Случајот бил откриен откако сопственикот на станот пријавил во полиција дека станарите му должат пари и дека најверојатно користат дрога. Во станот биле затекнати шест лица, меѓу кои три возрасни и три малолетни деца, од кои едно 15-годишно девојче било бремено.
Тројца возрасни се уапсени
Според грчките медиуми, 38-годишна Германка изјавила дека мртвото бебе е нејзино и дека починало пред неколку месеци, додека 26-годишниот Авганистанец рекол дека е партнер на 15-годишното девојче. Тројцата возрасни биле уапсени, меѓу другото и поради сомнежи поврзани со поседување и употреба на дрога.
Децата пренесени во болница
Трите деца, по одлука на јавен обвинител, биле пренесени во детска болница на прегледи. Според неофицијалните информации, кај нив биле откриени сексуално преносливи инфекции, а постојат и индиции дека можеби биле сексуално злоставувани. Истрагата продолжува, а треба да се утврдат околностите за смртта на бебето, како и односите и потеклото на лицата кои престојувале во станот.