Свет

ИСТОРИСКИ ТОПЛОТЕН БРАН ВО ШПАНИЈА: Измерени рекордни 43,7 степени, има и прва жртва

ИСТОРИСКИ ТОПЛОТЕН БРАН ВО ШПАНИЈА: Измерени рекордни 43,7 степени, има и прва жртва

Шпанија се соочува со историски топлотен бран, кој веќе ги руши температурните рекорди во повеќе делови од земјата.

Според шпанската метеоролошка агенција AEMET, 22 и 23 јуни биле најжешките јунски денови од почетокот на официјалните мерења во 1950 година.

Температури далеку над просекот

Просечната температура на Иберискиот Полуостров била за 7,1 степен над нормалата за овој период.

Нов апсолутен рекорд бил измерен во местото Тама, во регионот Кантабрија, каде термометрите покажале 43,7 степени Целзиусови.

Почина 68-годишен маж

Високите температури ја зедоа и првата жртва.

Станува збор за 68-годишен маж од Алмерија, во Андалузија, кој починал од топлотен удар откако му се слошило поради екстремната жештина.

Здравствените служби во повеќе региони пријавуваат зголемен број пациенти со симптоми поврзани со топлината.

Властите отвораат климатизирани јавни простори и преземаат дополнителни мерки за заштита на населението, а поради ризик од пожари во неколку градови се откажани дел од традиционалните прослави.