Хроника

Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

Почина градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски, на 58-годишна возраст.

Илиевски важеше за човек од народот, близок до граѓаните и почитуван од своите сограѓани во Брвеница.

Два мандати на чело на општината

Јовица Илиевски ја извршуваше функцијата градоначалник во два мандати.

Во 2021 година беше избран за градоначалник на Општина Брвеница за периодот 2021-2025 година, а довербата од граѓаните ја доби повторно и на локалните избори во 2025 година.

Сочувство до семејството

Илиевски зад себе остави трага како посветен градоначалник и човек кој активно работеше за својата општина.

Веста за неговата смрт предизвика тага меѓу граѓаните, соработниците и сите кои го познаваа.

Сочувство до неговото семејство и најблиските.