Скопје

КАМЕНИОТ МОСТ ДОБИВА НОВ СЈАЈ СО СОВРЕМЕНО ОСВЕТЛУВАЊЕ И САНАЦИЈА – затворен е за пешаци додека трае реконструкцијата

КАМЕНИОТ МОСТ ДОБИВА НОВ СЈАЈ СО СОВРЕМЕНО ОСВЕТЛУВАЊЕ И САНАЦИЈА – затворен е за пешаци додека трае реконструкцијата

Започнаа активностите за санација, како и за архитектонско и декоративно осветлување на Камениот мост, еден од најзначајните симболи на Скопје. Посебен акцент ќе биде ставен на препознатливите камени сводови, со цел нивната форма и историска вредност да дојдат до израз без да се наруши изгледот на мостот. Од Град Скопје информираат дека современото осветлување ќе биде усогласено со архитектонските карактеристики и автентичноста на објектот.

Проектот има за цел да создаде впечатлива ноќна визура и да го збогати препознатливиот изглед на градот. Реализацијата е резултат на соработката со Општина Есенлер од Република Турција, потврдена преку неодамна потпишаниот Протокол за соработка. Од Градот Скопје велат дека Камениот мост е симбол на градот и дека заслужува да ја добие вистинската светлина и во ноќната панорама. Со реализацијата на проектот, мостот треба да добие нов визуелен идентитет во вечерните часови и дополнително да го збогати градскиот простор и туристичката понуда.

Жан Митрев