Скопје
Дознај прв
КХС ЗАПОЧНА СО ПОСТАВУВАЊЕ НОВИ КОНТЕЈНЕРИ: Досега заменети околу 200 во Скопје
Комунална хигиена досега замени околу 200 контејнери во Скопје. Минатата недела беа отстранети 880 кубни метри отпад од јавните површини.

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје започна со поставување на новонабавените садови за одлагање комунален отпад. Досега се заменети околу 200 контејнери, а активностите ќе продолжат и во текот на оваа недела.
Отстранети 880 кубни метри отпад од јавните површини во Скопје
Во текот на изминатата недела, екипите на претпријатието отстраниле 880 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад од диви депонии е расчистено во општина Центар, каде што биле отстранети 205 кубни метри.
Собрани и транспортирани 3.300 тони комунален отпад
Во истиот период биле подигнати и транспортирани 3.300 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на Скопје. Од претпријатието најавуваат дека продолжува поставувањето на новите садови, со цел да се подобрат условите за одлагање на отпадот и одржување на јавната хигиена.
