Економија
Дознај прв
КРИЗНАТА СОСТОЈБА ЗА НАФТА ПРОДОЛЖЕНА ДО 21 ОКТОМВРИ: Владата сака механизам за брза реакција при ценовни шокови
Владата ја продолжи кризната состојба за нафта и нафтени деривати до 21 октомври поради ризик од нарушено снабдување и ценовни шокови.

Владата донесе одлука кризна состојба поради можни нарушувања во снабдувањето со нафта и нафтени деривати да биде продолжена до 21 октомври. Досегашниот рок истекуваше на 21 јули, а со новата одлука институциите ќе можат навремено да реагираат доколку се појават проблеми во снабдувањето или значителни промени на меѓународните пазари.
Заштита од нарушувања и ценовни шокови
Од Владата информираат дека продолжувањето треба да обезбеди континуитет во институционалното постапување и можност за брзо преземање мерки. Целта е да се зачува стабилното снабдување, да се ублажат последиците од можните пазарни нарушувања и да се заштитат граѓаните и стопанството од поголеми ценовни шокови.
Одлуката ќе биде доставена до Собранието
Владата најавува дека внимателно ќе ги следи состојбите на домашниот и меѓународниот енергетски пазар. Доколку околностите го наложат тоа, ќе бидат донесени дополнителни мерки за сигурно и непречено снабдување со нафта и нафтени деривати. По завршувањето на владините процедури, одлуката ќе биде доставена до Собранието на разгледување и донесување.
