Економија
Дознај прв
НАФТАТА ПРЕКУ 100 ДОЛАРИ: Ескалацијата на Блискиот Исток ги тресе светските пазари
Цената на нафтата повторно расте, а Брентот достигна 107,8 долари за барел поради ескалацијата на Блискиот Исток и стравувањата за снабдувањето.

Брентот стигна до 107,8 долари за барел
Цените на нафтата денеска повторно бележат значителен раст, при што двата главни референтни типа – Брент и ВТИ – се искачија над границата од 100 долари за барел. Брентот достигна околу 107,8 долари, додека американскиот ВТИ се тргуваше над 102 долари за барел. Растот доаѓа во услови на ескалација на конфликтот на Блискиот Исток и зголемени стравувања дека нападите врз нафтената инфраструктура и транспортните рути би можеле сериозно да го нарушат глобалното снабдување со енергенси.
Стравувања од нов инфлаторен удар
Дополнителен притисок врз пазарот создава и прекинот на работата на важната саудиска Исток-Запад нафтена цевководна мрежа по напад со дронови. Инвеститорите внимателно ја следат ситуацијата околу Ормускиот теснец и Баб ел-Мандеб, кои се клучни транспортни коридори за глобалната трговија со нафта. Доколку нарушувањата во снабдувањето продолжат, цените би можеле дополнително да растат, што би создало нов инфлаторен притисок врз светската економија.
