Македонија
Дознај прв
ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛ ВО АЕРОДРОМ КАЈ ТОБАКО 2
На фотографијата се гледа возилото целосно зафатено од пламен, додека густ црн чад се издига над паркингот.

Автомобил утрово е запален на паркингот веднаш зад Тобако 2 во скопската општина Аеродром. Фотографија од пожарот се шири во групата „Општина Аеродром – пријави проблем“. На фотографијата се гледа возилото целосно зафатено од пламен, додека густ црн чад се издига над паркингот. Во непосредна близина има и други паркирани возила, како и станбени објекти. Засега нема информации за причините поради кои избувнал пожарот. Не е познато ниту дали има повредени лица или дали огнот предизвикал штета на други возила. Очекуваме повеќе информации за инцидентот.
