Спорт

(ВИДЕО) ГОЛ ЗА ДАНИЕЛ: Рамадан Шерифи емотивно го посвети погодокот на трагично загинатиот фудбалер

Рамадан Шерифи го посвети првиот гол за Дрита Боговиње на Даниел Николовски (21), кој трагично загина во сообраќајна несреќа.

(ВИДЕО) ГОЛ ЗА ДАНИЕЛ: Рамадан Шерифи емотивно го посвети погодокот на трагично загинатиот фудбалер

Гол посветен на Даниел

Рамадан Шерифи, кој го постигна првиот гол за ФК Дрита Боговиње на натпреварот против Јехона, победата од 7:1 ја посвети на трагично загинатиот фудбалер Даниел Николовски (21). По постигнатиот погодок, Шерифи испрати емотивна порака во чест на младиот фудбалер кој го загуби животот во сообраќајна несреќа.

Спортот во знак на сеќавање

Николовски беше дел од фудбалската средина, а неговата трагична смрт предизвика голема тага меѓу соиграчите, пријателите и љубителите на фудбалот. Посветата на Шерифи беше емотивен момент во натпреварот на Дрита, кој на крајот славеше убедлива победа со 7:1. Голот овојпат имаше посебно значење – во чест на Даниел.

Жан Митрев