Спорт
Дознај прв
ТРАГЕДИЈА: Млад фудбалер на ФК Тетекс го загуби животот во сообраќајна несреќа
21-годишниот фудбалер Даниел Николовски го загуби животот во сообраќајна несреќа на патот Гостивар–Маврово, потврди ФК Тетекс.

Николовски беше дел од ФК Тетекс
Фудбалскиот клуб Тетекс ја потврди трагичната вест дека 21-годишниот Даниел Николовски го загубил животот во сообраќајна несреќа што се случила по полноќ на патот Гостивар–Маврово. Николовски бил дел од младинските категории на Тетекс, а потоа настапувал и за сениорскиот состав на тетовскиот клуб. Во текот на кариерата настапувал и во Германија, каде го носел дресот на Релинген Фремерсдорф, како и за ФК Хрватски витез од Задар.
Од летово беше член на Дрита
Од летово Николовски бил член на третолигашот Дрита од Боговиње, каде ја продолжил својата фудбалска кариера. Од Тетекс упатија најдлабоко сочувство до семејството, најблиските и сите кои го познавале младиот фудбалер. Од клубот порачаа дека Николовски ќе остане запаметен како дел од тетовското фудбалско семејство и историјата на Тетекс.