Македонија

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно, локални поројни дождови и температури до 33 степени

Променливо облачно време со локални поројни дождови, грмежи и засилен северен ветер. Во Скопје температурата ќе достигне 33 степени.

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно, локални поројни дождови и температури до 33 степени

Попладне нестабилно време

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, со над 15 литри на квадратен метар. На повеќе места се очекува појава на грмежи и засилен ветер. Ветерот ќе дува од северен правец, а повремено може да достигне брзина над 50 километри на час. Во текот на денот ќе преовладуваат променливи временски услови, со температури кои ќе се движат до 33 степени.

Во Скопје можни дожд и грмежи

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Попладне во делови од котлината се очекува појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне околу 33 степени.

ОЗНАКИ: МЕТЕО
Жан Митрев