Дознај прв
(ВИДЕО) ДЕВОЈКА ОД ПУБЛИКАТА ГО ЗЕДЕ МИКРОФОНОТ И НАПРАВИ ШОУ СО „САРА“: Слаткар воодушевен од нејзиниот настап
Неочекуван момент на концертот во Паркот на Франкофонијата: девојка од публиката го зеде микрофонот и направи шоу со „Сара“.

Паркот на Франкофонијата беше исполнет до последно место
Синоќа во Паркот на Франкофонијата се одржа голем концерт по повод 50 години Општина Центар, со настапи на 2Бона, Дупер, Слаткар, Барбара Поповиќ и други изведувачи. Во текот на вечерта се случи и несекојдневен момент кога девојка од публиката го зеде микрофонот и се приклучи на изведбата на песната „Сара“. Таа со својот вокал веднаш го привлече вниманието на присутните и ја подигна атмосферата.
Неочекуван момент – „Сара“
Девојката се опушти пред бројната публика и направи вистинско шоу на сцената, додека Слаткар со насмевка го следеше нејзиниот настап. Публиката го поздрави неочекуваниот настап со големи овации, а моментот беше меѓу оние кои дополнително ја одбележаа концертната вечер. Cлаткар очигледно беше воодушевен од енергијата и самодовербата на девојката, која за кратко време стана дел од концертното шоу.
View this post on Instagram
