Спорт

ЛИНА ЃОРЧЕСКА ИЗБОРИ ИСТОРИСКИ НАСТАП НА ВИМБЛДОН

ЛИНА ЃОРЧЕСКА ИЗБОРИ ИСТОРИСКИ НАСТАП НА ВИМБЛДОН

Прва Македонка во главната ждрепка во поединечна конкуренција

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа испиша историја и се пласираше на главниот турнир на Вимблдон. Таа стана првата македонска тенисерка која ќе настапи во главната ждрепка на еден грен слем турнир во поединечна конкуренција. Ѓорческа до историскиот успех стигна преку квалификациите, каде што забележа три победи.

Убедлива победа против Бронцети

Во третото коло од квалификациите, Ѓорческа ја совлада Италијанката Лусија Бронцети со 2:0 во сетови, односно 6:1 и 6:2, за 73 минути игра. Бронцети беше 20. носителка во квалификациите и 127. тенисерка на ВТА листата, 96 места подобро рангирана од Македонката. Првиот сет Ѓорческа го доби убедливо со серија од шест гема, откако противничката го освои воведниот гем. Во вториот сет, македонската тенисерка спаси осум брејк топки во важен гем, по што го презеде целосниот ритам на мечот. Со нови брејкови и сигурен сервис, Ѓорческа ја потврди големата победа и историскиот пласман на Вимблдон.