Спорт

Лина Ѓорческа: Освен тренерот и моето семејство, никој друг не веруваше во мене

По историскиот настап на Лина Ѓорческа во првото коло на Вимблдон, во кој беше поразена, веднаш по мечот таа даде ексклузивно интервју

Лина Ѓорческа: Освен тренерот и моето семејство, никој друг не веруваше во мене

По историскиот настап на Лина Ѓорческа во првото коло на Вимблдон, во кој беше поразена од Американката Аманда Анисимова (6-3, 6-2), веднаш по мечот таа даде ексклузивно интервју за Топ-спорт.

Ѓорческа: Како што кажав, секогаш може подобро. Ние имавме подготвено тактика, меѓутоа не секогаш можеш да ја спроведеш совршено, бидејќи противникот од другата страна може да има добар или лош ден. Не е како во другите спортови, сè да зависи од мене, во тенисот јас од противникот добивам топка, па може да има ветер, како ќе отскокне топчето, сето тоа влијае. Меѓутоа, на крајот од денот, да сме искрени, никој не ни веруваше дека ќе играм тука, можеби само јас, тренерот и моите дома. Јас сум задоволна, и важно е и тие да се задоволни.