Хроника

МАЖ ОД СКОПЈЕ ИСЧЕЗНА ВО ОХРИД: Полицијата и нуркачки тим трагаат по 32-годишник

32-годишен Б.С. од Скопје исчезна во Охрид. Полицијата и нуркачки тим трагаат по него во езерото и на копно.

МАЖ ОД СКОПЈЕ ИСЧЕЗНА ВО ОХРИД: Полицијата и нуркачки тим трагаат по 32-годишник

Неговите алишта, телефон и гумен чамец пронајдени на плажата

32-годишен Б.С. од Скопје исчезнал во Охрид, по што во тек е голема потрага по него. Случајот во полиција го пријавил неговиот татко З.С. на 14 септември во 18:10 часот. Според пријавата, таткото и синот престојувале во автокамп во Охрид, но 32-годишникот го напуштил кампот. На плажата потоа биле пронајдени дел од неговите алишта, мобилниот телефон и гумен чамец. Веднаш по пријавата, во потрагата се вклучиле полициски екипи од езерската полиција и СВР Охрид. Во акцијата учествуваат и членови на спасителската планинарска служба и нуркачки тим од нуркачкиот клуб „Охрид“. Потрагата се одвива и во езерските води и на копно, со цел да се пронајде исчезнатиот и да се расчистат околностите за случајот.

Потрагата продолжува во езерото во Охрид

Надлежните служби продолжуваат со пребарувањето на теренот и во езерото. Засега нема дополнителни информации за исчезнатиот 32-годишник, а екипите работат на негово пронаоѓање и утврдување на околностите под кои исчезнал.