Македонија
Дознај прв
Менкиноски: Крајно време е бугарско-македонскиот спор да го поставиме како правно прашање

Адвокатот Тони Менкиноски смета дека македонско-бугарскиот спор треба да се постави и како правно, а не само политичко и историско прашање. Тој потсетува дека Договорот од 2017 година создава права и обврски за двете држави. Според него, Бугарија има право на свој став во ЕУ, но начинот на кој го користи тоа право треба да биде во согласност со преземените меѓународни обврски.
Менкиноски посочува дека Македонија треба да го користи договорот и како извор на свои права, а не само како обврска. Тој смета дека треба да се утврди дали конкретните постапки на Бугарија се спротивни на договорот. Менкиноски предлага Македонија да започне правна подготовка за сите расположливи опции, вклучително и можноста за меѓународна судска постапка.
„Повикувам Македонија конечно да изгради правна стратегија“, вели тој.
