Македонија
Дознај прв
МИЦКОСКИ НАЈАВУВА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА: Ќе се градат шест автопатски делници

Премиерот Христијан Мицкоски најави засилена градежна активност и изградба на околу шест автопатски делници во претстојниот период. Тој посочи дека кон крајот на август, веројатно на 26 август, треба да почне изградбата на автопатската делница Блаце–Скопје, за која се завршени сите формални процедури, а како изведувач е избрана домашна компанија.
Во септември, според најавата, треба да почне и изградбата на делницата Букојчани–Кичево, додека продолжува изградбата на Кичево–Охрид. Мицкоски очекува делницата од Извор до Врбјани да биде пуштена во втората половина на октомври, а целокупната делница Кичево–Охрид да биде завршена во првиот квартал од 2027 година. Со засилена динамика продолжуваат и активностите на трите делници од Коридорот 8 и Коридорот 10д – Прилеп–Битола, Тетово–Гостивар и Гостивар–Букојчани.
Мицкоски оцени дека ваквата градежна активност, заедно со проектите за железничката инфраструктура, ќе придонесе за поголема економска активност и решавање на децениски инфраструктурни проблеми.
