Македонија
Дознај прв
МНР БАРА 16 ПРАКТИКАНТИ: Можност за младите да се запознаат со дипломатијата, условот е да знаат англиски минимум Б1

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) бара 16 практиканти, а заинтересираните кандидати можат да се пријават до 15 октомври. Услов за кандидатите е познавање на англискиот јазик на најмалку ниво Б1, додека познавањето втор странски јазик ќе се смета за предност. При пријавувањето, кандидатите треба да достават потврда дека се редовни студенти. Практикантството претставува можност за младите да стекнат практично искуство, да се запознаат со функционирањето на институциите и одблиску да ја запознаат работата на дипломатијата. За ангажманот е предвиден и паричен надоместок. Министер за надворешни работи и надворешна трговија е Тимчо Муцунски.
За пријавување, кандидатите треба да подготват кратка биографија, потврда дека се редовни студенти, доказ за познавање на англискиот јазик и пополнета пријава. Документацијата може да се испрати на електронската адреса sucr@mfa.gov.mk, да се достави лично во архивата на Министерството или да се испрати по пошта.
