Македонија

МНР ПО БЕГСТВОТО НА МИХАЈЛОВА: Никој нема право на изземање од законите

МНР ПО БЕГСТВОТО НА МИХАЈЛОВА: Никој нема право на изземање од законите

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР) реагираше по случајот со Ива Михајлова, која замина во Бугарија, каде што беше примена на високо ниво. Од МНР сметаат дека ваквиот однос на бугарските институции ги поткопува напорите за градење доверба и е во спротивност со заложбите за развој на добрососедските односи.

Дали Михајлова ја напуштила Македонија спротивно на изречените мерки? Нејзината изјава за bTV остава отворени прашања

МНР ЗА СЛУЈАЧОТ СО МИХАЈЛОВА: Националната припадност не смее да биде заштита од одговорност

Од Министерството посочуваат дека приемот на високо ниво на лице против кое се води судска постапка испраќа сериозно погрешна порака.

„Националната припадност и поседувањето друго државјанство не смеат да служат како заштита од одговорност пред надлежните институции. Секој има право на правично судење. Никој нема право на изземање од законите“, се наведува во реакцијата.

Оттаму очекуваат Бугарија, како членка на Европската Унија, да постапува во согласност со европските принципи, со почитување на судските постапки, соработка меѓу надлежните институции и еднаквост пред законот.

Случајот ќе биде споделен со меѓународните партнери

МНР најави дека за развојот на случајот ќе ги информира меѓународните партнери, особено институциите на Европската Унија и Советот на Европа.

Според Министерството, ваквите постапки, за кои посочуваат дека имало и претходни примери, директно ја нарушуваат довербата меѓу двете држави и отвораат прашања за доследното почитување на заедничките европски вредности.

„Остануваме посветени на развојот на добрососедските односи, засновани врз меѓусебно почитување, доверба и европски принципи. Истата одговорност ја очекуваме и од бугарската страна. Почитувањето на правдата не е прашање на политички избор, туку основна европска обврска“, се наведува во соопштението.

Михајлова е обвинета во постапка за сообраќајна несреќа со смртни последици

Ива Михајлова од Кочани е обвинета во судска постапка поврзана со сообраќајна несреќа со смртни последици. Според објавените информации, таа заминала во Бугарија, а бугарската претседателка Илијана Јотова го очекува заклучокот на лекарите од болницата „Пирогов“ за здравствената состојба на 23-годишната Михајлова.