Македонија

МОТОЦИКЛИСТИТЕ ВЕЌЕ НЕ МОЖАТ ДА СЕ КРИЈАТ ОД КАМЕРИТЕ: „Безбеден град“ ги чита и задните таблички

МОТОЦИКЛИСТИТЕ ВЕЌЕ НЕ МОЖАТ ДА СЕ КРИЈАТ ОД КАМЕРИТЕ: „Безбеден град“ ги чита и задните таблички

На моторџиите почнаа да им стигнуваат првите „честитки“ од Сејф Сити. Камерите од системот „Безбеден град“ сега можат да ги регистрираат и прекршоците на мотоциклистите, иако нивните регистарски таблички се поставени одзади.

Министерството за внатрешни работи поставило дополнителна опрема на локации каде што постојат најдобри технички услови. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски соопшти дека новото решение веќе дало резултати. Уште од првиот ден биле регистрирани прекршоци за недозволена брзина.

Проблемот претходно бил во тоа што камерите ја снимале предната страна на возилата, додека табличката кај мотоциклите се наоѓа одзади. Тошковски посочи дека со „Безбеден град“ се надминати и други технички проблеми, меѓу кои идентификацијата на странските возила.

(ФОТО) БЕСНИ СТРАНЦИТЕ ПОРАДИ КАЗНИТЕ ОД „СЕЈФ СИТИ“: Србите револтирани, од вчера плаќаат на Табановце

Повеќе детали прочитајте ТУКА.