Македонија

МВР направи апликација – казните од камерите може да се проверуваат и плаќаат онлајн, засега достапно само за странци

МВР ја активираше апликацијата „Безбеден град“ за странски возачи, преку која може да се проверат и онлајн да се платат сообраќајните казни.

МВР направи апликација – казните од камерите може да се проверуваат и плаќаат онлајн, засега достапно само за странци

Активирана мобилната верзија на системот – Безбеден град

Министерството за внатрешни работи ја стави во функција веб-апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која засега е наменета за странски државјани и возачи на возила со странски регистарски таблички. Преку апликацијата странските возачи можат да проверат дали имаат евидентиран сообраќаен прекршок, да добијат увид во издадениот прекршочен платен налог и електронски да ја подмират глобата. При најавувањето потребно е да се скенира или фотографира патната исправа и да се внесе регистрацијата на возилото. На овој начин возачите можат однапред да ја регулираат евентуалната обврска и да избегнат дополнително задржување на граничните премини.

Контролата важи и за постари прекршоци

МВР информира дека системот ги опфаќа и претходно евидентираните прекршоци, почнувајќи од 1 февруари 2026 година. Доколку странско возило има евидентиран прекршок, возачот може да биде запрен при излез од државата, по што се спроведува постапка за плаќање на казната. На Табановце веќе функционираат посебни пунктови за странски возачи, а плаќањето може да се изврши онлајн со платежна картичка. Со активирањето на апликацијата, МВР овозможува полесно регулирање на казните и продолжување на патувањето без непотребно чекање на граница.